December 9, 2022 13:33
Македонија

Завршен настан на ДЗС за подобрување на производството и дисеминацијата на статистиката”

Државниот завод за статистика денеска организира завршен настан за проектот „Подобрување на производството и дисеминацијата на статистиката”.

Настанот ќе се одржи во два дела, првиот дел се поздравни обраќања, по што следи вториот дел со панел дискусија.

Како што најавија, поздравно обраќање ќе има директорот на ДЗС Апостол Симовски, раководителката на секторот за економски прашања, градење институции и прекугранична соработка од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Марија Магдалини Канелопулу, а предвидено е и обраќање на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.