November 30, 2021 09:35
Македонија

Забрчанец: Општините да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност и да бидат во чекор со централната власт која неколку години го држи првото место во регионот

Националниот координатор за стратегиски комуникации на Владата, Марјан Забрчанец денеска учествуваше на дебатата на тема „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?”, во организација на Фондацијата Метаморфозис како дел од промоцијата на една платформа на WhatsApp за брза комуникација меѓу новинарите и претставниците на институциите и на платформа на Viber апликацијата “ДЕ ФАКТО: само проверени содржини”, каде се споделуваат рецензии на лажни вести со цел да се покрене свесноста и да се спречува манипулацијата на јавноста.

Националниот координатор Марјан Забрчанец истакна дека промоцијата на платформите за брз пристап, добивање и размена на проверени информации е резултат на еден од столбовите на Акцискиот план на Владата за борба против дезинформациите – соработката со сите чинители во оваа борба како што се медиумите, новинарските и граѓанските организации и академијата.

Кон ова, нагласи Забрчанец, треба да се додаде и компатибилноста на новите платформи со другите столбови на Акцискиот план на Владата како што се активна транспарентност, медиумската писменост и системот за брз одговор и реакција на дезинформациите.

Општините мора да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност, нагласи Забрчанец, и додаде дека не смее да се дозволи новите раководства на локалните самоуправи да ги затворат општините и да ја уназадат транспарентноста која на централно ниво неколку години има прогрес.

Во однос на медиумската писменост националниот координатор Забрчанец посочи дека на неа не треба да се гледа само како долгорочна алатка, туку и како на можност за спроведување активности за кревање на јавната свест за критичко размислување и дигитална писменост во заеднички проекти со новинарските и граѓанските организации, како и со академската средина и медиумите.

Новите платформи за комуникација, креирани од Фондацијата Метаморфозис, се во рамките на програмата Медиуми за демократија и заложбата за засилување на борбата против дезинформациите, и се реализираат со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.

На апликацијата WhatsApp, се поставени четири канали за брза комуникација на новинарите преку директни контакти со соодветните јавни институции за да ја проверуваат вистинитоста на информации пласирани во јавноста на теми од општествена важност за граѓаните како што се: КОВИД-19, Животна средина, Интеграции и Пописот.

На онлајн промоцијата и дебатата  денеска учествуваа и Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите на Македонија, Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, Горан Ризаов, менаџер на програмата „Медиуми за демократија” на Фондацијата Метаморфозис, како и повеќе новинари и претставници на медиумски организации.

AnimeHeaven Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

ANIMEFLIX: Saekano: How to Raise a Boring Girlfriend .flat - Fan Service of Love and Pure heart anime episode Full online free at https://animeflix.nl overlord animeflix

Website https://animefreak.ws: Watch NANA animefreak Episode 47 hunter x hunter animefreak

High-Rise Invasion (https://animedao.nl/m/gVjq) Episode 12

Website https://aniwatch.pro: Watch The Girl Who Leapt Through Time (Dub) aniwatch Episode Full watch anime online