June 27, 2019 11:03
Македонија

Забрани за камиони на патиштата кај Маврово и Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар и Дебар-Струга. Забрана за сообраќај на автобуси има на патот Тетово-Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Нови вести

Тевдовски нема да биде советник на Заев: „Со главата горе се враќам на Економскиот факултет“

Igor

Регистар на дивоградби во Охрид: Во заштитениот појас 409 нелегални предмети

Valentina

Димитров читал писма од Делчев пред средбата во Софија

Igor