December 13, 2019 08:24
Економија

Забранет увозот на свинско месо од Србија

Инспекторите за храна забранија увоз на свинско месо во земјава од Србија. Причина за забраната е болеста африканска свинска чума која се појави и во соседната земја. Забраната за увоз на свинско месо од Србија нема да се одрази на снабдувањето на македонскиот пазар. Домашните одгледувачи на свињи тврдат дека произведуваме доволно свинско месо за да бидат задоволени потребите на граѓаните.

Во Белград и во Смедерево, ветеринарите ја дијагностицирале присуство на африканска чума кај локалните свињи. Во Македонија болеста не е регистирана уверуваат надлежните. Превентивно ќе се врши одстрел на диви свињи во пограничните места за да не се пренесе вирусот и на нашата територија.

Ловците се уште не излегле на терен да почнат со одстрелот на дивите свињи како потенцијални преносители на вирусот.

 

Нови вести

Дали зголемувањето на минималната плата може да се смета за „допинг“

Igor

Ангеловска и Танасоски на средба со еко здруженија: Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

zane

ФИТР во партнерство со УСАИД ги зајакнува претприемачките вештини кај младите

Valentina