August 14, 2022 20:52
Свет

Забранет влез за руски дипломати на имотот на британскиот Парламент

На рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин и на други руски дипломати во Лондон ќе им биде забранет влез на имотот на Парламентот, пишува „Гардијан“.

„Како формално акредитиран претставник на руската влада, амбасадорот нема да биде пречекуван на парламентарниот имот на неопределено време“, изјави претседателoт на Долниот дом на британскиот парламент, Линдзи Хојл.

Според „Гардијан“, забраната е неформално на сила од крајот на февруари, кога Русија го започна нападот во Украина.