July 17, 2019 12:58
Македонија

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Од 08:45 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (синџири) на патниот правец Тетово-Попова Шапка, соопштија АМСМ и ЈП Македонија пат.

Поради снег на коловозот, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан од 07:15 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 04:10 часот, забрана за сообраќај на камиони има и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по наместа влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Надлежните апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Нови вести

Стоилковски:Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните

Valentina

ВМРО-ДПМНЕ:Петре Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со Шолц

Valentina

Десетици млади веќе ја искористија шансата и добија кредит од Халкбанк за студирање на Меѓународниот Балкански универзитет

Valentina