March 3, 2021 03:53
Свет

Забележан пораст на десничарскиот екстремизам во германската Војска

Меѓу припадниците на германската војска во 2020 година, има значително зголемување на инцидентите со политичко екстремна десничарска позадина, според годишниот владин извештај, презентиран денеска во Берлин.

„Докажано е дека кога станува збор за десничарски екстремизам, сè уште постои потреба за акција”, рече комесарката на германската влада за Бундесверот, Ева Хогел, за време на презентацијата на извештајот.

Во 2020 година се случиле 211 инцидент со радикална десничарска позадина. Ова се случаи кога членовите на Бундесверот шират екстремистичка содржина преку разни чет групи или јавно прикажуваат симболи како т.н. Хитлеров поздрав, пренесува Хина. Во 2019 година се забележани 178 вакви инциденти.

Во многу случаи, дисциплинската постапка била проследена со отпуштање од редовниот состав на германските вооружени сили.

Таа, исто така, ги критикуваше долгите процеси што се водат пред воените дисциплински судови во случај на пријава за десничарски екстремизам.

Хогел најави засилени превентивни мерки.

– Политичкото образование мора да стане составен дел од работното секојдневие на членовите на Бундесверот со цел да се спречи ширењето на екстремизмот, рече таа.

Jujutsu Kaisen (TV) (https://4anime.biz/m/pxay) Episode 19 at website https://4anime.biz persona 4 the animation funimation

Sleepy Princess in the Demon Castle (https://animetv.cc/m/0JEG) Episode 12 at website https://animetv.cc. See more popular anime tv shows