January 18, 2021 07:24
Економија

Забележано намалување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

 Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во октомври годинава во однос на октомври лани бележи намалување за 3,1 отсто номинално и 6,8 отсто реално, објави Државниот завод за статистика

Според објавените податоци намалување на прометот е забележано  и кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 12,2  отсто, а реално за 12,5 отсто и трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 8,1  отсто, а реално за 10 отсто и трговија на мало со автомобилски горива номинално за 26,9 отсто, а реално за 15,6  отсто.