December 2, 2022 10:13
Македонија

Забеганоста на владата нема крај, во услови на енергетска и екеономска криза трошат пари за риба и октоподи

Освен зборот забеганост јас не можам друго да кажам. Затоа што во услови на економска и енергетска криза, кога повеќе од 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата тие прават ваква јавна набавка, вели Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира набавката за риба и октопод за владата на СДСМ.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека наместо парите да се пренаменат за мерки за социјално ранливите категории во услови кога цената на електричната енергија драстично расте, како и на основните продукти, власта продолжува да се луксузира.

Наместо тие пари да ги пренасочеа за мерки за социјално ранливите категории, ние до овој момент гледаме дека мерки за поддршка на овие категории немаме поготово во овие услови кога вака драстично скокнаа цените на електричната енергија и последните сметки кои што ги добиваме како домаќинства, истакна Димитриеска Кочоска.