December 1, 2022 17:08
Живот

„Забава“ на Миконос: Собарки пробале слатки оставени од гостите, завршиле во болница со халуцинации

Грчките медиуми јавуваат дека на Миконос пет лица завршиле во болница откако консумирале слатки кои во собите ги оставиле гостите, а кои биле полни со халуцигени супстанци.

Дека Миконос е остров познат по лудите забави на кои се користи и дрога не е нов податок. Во изнајмените вили, остануваа се и сешто по заминувањето на богатите гости.

Како што јавува Прототема, пет собарки се хоспитализирани откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите.

Се утврдило дека слатките содржеле псилоцибин, супстанца со сличен ефект како и ЛСД, која може да предизвика еуфорија, нагла промена на емоциите и халуцинации.