March 24, 2019 04:29
Спорт

Жута потпиша со „Коњаспор“

Повремениот македонски репрезентативец, Леонард Жута е нов фудбалер на турскиот тим „Коњаспор“. Тој потпиша договор до 2021 година со екипата, во која настапува и поранешниот репрезентативец, Адис Јаховиќ

Поранешниот играч на Ријека изјави дека по неколку дена презговори одлучил да му се приклучи на тимот и дека се надева на брза адаптација.

– Се надевам дека брзо ќе го поминам процесот на адаптација. Веќе се знам со Адис Јаховиќ кој многу ќе ми помогне за побргу да се адаптирам на новата средина. Дојдов во квалитетна лига, со модерни стадиони каде има врвни навивачи. Тоа е една од причините поради кои одлучив да дојдам во Турција, прокоментира Жута по потпишувањето на договорот со турскиот тим.

Нови вести

Вардар убедлив во Загреб за чекор до четвртфиналето на ЛШ

Igor

Ангеловски: Подготвени влегуваме во дуелот со Словенија

Igor

Претседателот на ПСЖ со исказ во судот за корупциски случај

Valentina