December 9, 2022 00:45
Скопје

Жичарницата од утре ќе работи од 10 до 18 часот

Жичарницата од утре (1 октомври) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, а во 17.45 часот последно возење од горе надолу, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април, информираат од ЈСП Скопје и потсетуваат дека и натаму секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичарницата не работи поради редовни сервиси.