December 5, 2021 10:27
Хроника

Жител на Кукуречани пронајден мртов во бунар

На 23.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во бунар во село Кукуречани било пронајдено телото на Б.М.(55) од Кукуречани.

Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила екипа на СВР Битола.