January 21, 2019 23:48
Хроника

Жител на демирхисарското село Обедник повреден за време на лов

Педесет и четиригодшниот М.Р. од демирхисарското село Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов вчера од страна на лекар во Итна медицинска помош бил донесен во Здравствениот дом во Демир Хисар, информира МВР.

Според негово кажување, со повредата се здобил во село Обедник на место викано „Локва” при испукување куршум од ловна пушка од страна на С.Ѓ. (52)  од истото село.

Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Девет танчерки и пејачки затекнати при контрола на угостителски објект во Слупчане

24news

Го излажале дека имаат проблем со гумата и од автомобилот му украле 70 илјади евра

24news

ОЈО поднесе обвинение против „Маркулеле“ за нелегално профитирање

Igor