November 28, 2022 01:35
Хроника

Жител на Велешта изрешетан донесен во струшката болница

Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примано во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош.

Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга.

– Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според првичните информации, настанот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на близок роднина на повредениот.