October 15, 2019 12:04
Спорт

Жиру може да го напушти Челси во јануари

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру може да ја смени клупската средина веќе во јануари, пренесува „Калчомеркато”.

Италијанскиот прволигаш Интер е заинтересиран за услугите на Французинот.

Претходно, клубот од Милано потпиша договори со Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, но селекторот Антонио Конте сака да го засили нападот за да ги зголеми опциите при изборот на составот за натпревари од Серија А, Лигата на шампиони и Купот на Италија.

Договорот на Жиру со Челси истекува во јуни 2020 година.

Нови вести

Македонија против Казахстан ќе го заверува победничкиот старт

Igor

Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме наоѓаат мене

zane

Со максимални единаесет победи Бразил го освои Светскиот куп

Igor