January 29, 2023 12:29
Македонија

Жил Штрифлер, Балкан Форум: Земјите од Западен Балкан често се на листата на најзагадени земји во светот, целта ни е да се приближиме кон „Зеленото сценарио”

Жил Штрифлер, истражувач за регионалната невладина организација „Балкан Форум“, вели дека многу често земјите од Западен Балкан се наоѓаат и на листата на најзагадени во светот, а токму борбата за чист воздух е една од целите кои треба да ја исполнат за да се приближат кон „Зеленото сценарио“.

„Живеев во Сараево, па Скопје и сега Приштина и затоа имам малку искуство со загадувањето на воздухот. Минатата недела бев во Берлин на Форумот за граѓанско општество, во рамките на Берлинскиот процес. Таму ги слушнав бројките за жртвите за загаденоста на воздухот во регионот и тоа е фрапантно. Мислам дека промената ќе дојде – се разбира дека ќе го дадеме нашиот придонес, но мислам дека оставаме подвижна точка затоа што треба доволно да се справиме со средината, односно граѓаните во однос на квалитетот на воздухот или во однос на управувањето со отпадот“, вели Штрифлер.

Тој истакна дека неговиот фокус е на циркуларната економија, како и на регионалната соработка и интеграција во ЕУ, токму затоа е оформена мрежата „Logex“, која е конзорциум на организации од сите шест земји од Западен Балкан, обединети со иста волја за унапредување на циркуларната економија во регионот.

Штрифлер додава дека минатата година бил организиран и настан наречен „Недела на циркуларна економија на Западен Балкан“, каде што разговарало за патоказот кој треба да го следат овие земји за да се подобри и економијата и животната средина.

Балкан Форум е една од иницијаторите за формирање на „LogEx“ мрежата.

*

Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од  Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија.

Извор: Цивил 

камера и монтажа: Ариан Мехети