August 8, 2022 18:59
Спорт

Жижиќ се договори со Анадолу Ефес

Макаби Тел Авив го потврди заминувањето на кошаркарот Анте Жижиќ од своите редови. Се очекува 25-годишнито Хрват да му се приклучи на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес.

Претходно беше објавено дека Жижиќ и клубот од Истанбул постигнале договор за двегодишна соработка со можност за раскин по првата година.

Жижиќ минатата сезона му помогна на Макаби да стигне до плејофот во Евролигата, со просек од 12,2 поени и 5,0 скока по натпревар.

На последниот натпревар од регуларниот дел од израелската лига, центарот падна на подот и остана без свест, по што беше однесен на носилки. Тимот подоцна објави дека Жижиќ бил пренесен во болница со повреда на главата.

Пред да дојде во Макаби, Жижиќ помина три сезони во НБА во Кливленд Кавалирс (2017-2020).