January 26, 2021 22:21
Магазин

Животни мудрости на Џек Николсон: „Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе – мртви сте“

Еве што кажал холивудскиот шармер за животот, среќата и жените – неговите зборови вечно ќе се паметат.

Холивудските актери отсекогаш важеле за харизматични, шармантни и пред се згодни мажи. Но, доколку мора меѓу сите нив да избереме еден- тогаш тоа би бил Џек Николсон.

Без оглед на неволјите, успеал да ја заджи насмевката на своето лице. Од него многу може да научиме за животот и како да пристапиме на стресот и вистински да уживаме во секој момент.

Еве што Џек Николсон има да каже за животот, смртта, работата, совети за младите генерации, но и темата која што секако му е најдрага – жените.

1. Мое мото е – повеќе забава.

2. Мојата религија во суштина е да бидам непосреден, да живеам во сегашниот момент. Тоа е старо клише знам, но е мое клише.

3. Доколку почувствувате некаков нагон во себе, имате изразена интуиција, колку и да е погрешна – следете ја.

4. Кога носам очила за сонце, јас сум Џек Николсон. Кога не ги носам сум дебел старец од 60 години.

5. Ми се допаѓа таа реченица, ја запишав и ја користевме во филмот „Граница“, во која велам: „Само сакам да направам нешто пред да умрам“.

6. Лажете само двајца луѓе во животот: својата девојка и полицијата. На сите останати кажувајте им ја вистината.

7. Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе и да учите нови работи – мртви сте.

8. Живеам во убедување дека публиката и понатаму ме гледа како оној млад перспективен актер.

Преземено од Точка

Tokyo Ghoul Episode 12 at website https://funimationfree.com fruits basket season 2 funimation

The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) (https://animeplanet.cc/m/759Y) Episode 8 at website https://animeplanet.cc anime planet darling