December 16, 2019 08:20
Македонија

Живковиќ: СДСМ ги покачи пензиите за 900 денари, се грижиме за пензионерите

Како одговорна партија покажуваме дека се грижиме за оние кои ја креирале основата на нашата држава и кои го трасирале патот на младите!

Ги покачуваме пензиите со најголемиот износ во последните 20 години – од 700 до 730 денари почнувајќи од јануари 2020 година.

Заедно со редовното усогласување со трошоците за живот, 322.000 пензионери и пензионерки ќе имаат поголеми пензии за околу 900 денари, а просечната пензија ќе изнесува 15.550 денари, што значи покачување на просечната пензија за 1746 денари.

Овие покачувања на пензиите не се преку задолжувања како што тоа го правеше претходната власт туку се производ на домаќинското работење на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ и мерките кои ги презема Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Го враќаме достоинството на граѓаните и граѓанките кои се во третото доба и тоа го правиме согласно дадените ветувања од декември 2016.

Нашите највозрасни сограѓани и сограѓанки заслужуваат да ги поминат пензионерските години со дигнитет и со мерки кои им го олеснуваат животот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните и граѓанките.

На прав пат сме!

Нови вести

Поради магла отежнат сообраќајот, реализирани само четири лета на скопскиот аеродром

Valentina

Ново рочиште за „Титаник”

Valentina

Почнува пленарната расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2020 година

Valentina