October 6, 2022 12:48
Македонија

Жешка есен во ВМРО-ДПМНЕ, се шири фронтот против Мицкоски

Се уште не слегна прашината од кавгата со Данела Арсовска а веќе денес нов потрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Оливер Андонов денеска заедно со неколку сопартијци од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ најави нова фракција за „ревитализирање“ на ВМРО-ДПМНЕ и побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Андонов оцени дека Мицкоски е потрошен политичар, а неговата иницијатива ја дистанцираше од било какви други влијанија, како од СДСМ, така и од „мериот коалицијата“.

Очигледно е дека во опозициските редови се помасовно и погласно е незадоволството од дејствувањето на Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата недела се случи конфликт меѓу Арсовска и Мицкоски, кога градоначалничката на Скопје го нарече Мицкоски „шпицен градоначалник“ по што ВМРО-ДПМНЕ ја прекина секоја соработка со Арсовска.

На почетокот на летото грб на Мицкоски му сврте и градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски со сериозни обвинувања кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека вршел притисоци и закани кон градоначалници од опозицијата, за распределба на тендерите и јавните набавки.

Пред неколку години Мицкоски „преживеа“ една иницијатива за вонреден конгрес предводена од поранешни градоначалници и пратеници, но очигледно дека во периодот започнува нов обид за негова детронизација.

Дека Мицкоски баш и не е сигурен во своите соработници зборуваат и нотарските изјави што неговите пратеници мораа да ги потпишуваат а со кои Мицкоски јавно се фалеше, но и разногласието по одредени теми на високи партиски функционери.

Ќе биде интересно да се следи како ќе се одвиваат процесите, но едно е сигурно, дека Мицкоски го чека жешка есен, а фронтот против него постојано се шири.

Поврзани вести

Поранешен полицаец го изврши масакрот во градинката во Тајланд, меѓу 34 убиени се и неговата сопруга и децата

Valentina

Владата објави црна листа на15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС и ИД во Ирак и Сирија

Igor

Дизелот поскапува

Igor