January 29, 2023 14:34
Скопје

Жестоки критики кон Арсовска од нервозни скопјани

На својата последна објава на социјалните мрежи градоначалничката Данела Арсовска се соочи со низа критики и напади од страна на револтирани граѓани.

Во својата објава каде Арсовска го прозива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски но и членови на Владата граѓаните коментираат дека се соочуваат со проблеми во сообраќајот поради блокадите на приватните превозници за што вината ја лоцираат кај градоначалничката.

 

Револтирани граѓани бараат од Арсовска да си ја работи работата и да престанат блокадите.

На граѓаните очигледно не им е до висока политика во период кога со денови не можат навреме да стигнат до своите работни места, до лекар или до некоја државна институција.

И покрај тоа што таквите негативни коментари се бришат постојано, тие стануваат се побројни што само говори за нервозата кај скопјани во овие денови кога градот е целосно блокиран.

 

Поврзани вести

24.972 возачи без возачки биле во сообраќајот низ патиштата во 2022 година

admin

Битиќи: Владата го гледа приватниот сектор како свој партнер

blink

Им префрлиле само 5.000 денари, приватните превозници во понеделник на протест пред ЈСП

blink