October 19, 2021 05:31
Македонија

Жените треба да бидат рамноправни и во носењето одлуки

Жените храбро застанаа во првите редови за време на пандемијата со Ковид-19. Во категориите каде што најмногу се вработени жени се покажа нивната храброст и упорност. Дадоа се од себе и не дозволија здравството за потклекне, образованието да застане, децата да не бидат згрижени, а продавниците да бидат затворени.

Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска, во своето обраќање на вториот ден на конференцијата „Жените во надворешната политика”, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, а под покровителство на првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

– Наша обврска е да создадеме општество што ќе нуди еднаквост на сите. И затоа со гордост можам да соопштам дека токму во овој тежок период на пандемија успеавме да ги донесеме двата клучни закони за остварување на нашата цел – Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Особено сум горда што власта и опозицијата застанаа зад овие закони затоа што адресираат прашања што се обединувачки, проблеми што се надпартиски, што се однесуваат на сите граѓани во државата, рече Шахпаска.

Таа потсети дека во исто време се подготвува и законот за родова еднаквост што треба да овозможи унапредување на положбата на жените и еднакви можности во остварување на правата, еднаков пристап до ресурси, еднакво учество во јавниот, во политичкиот живот, меѓутоа, рамноправност во носењето на одлуки.

– Ова прашање е моја животна битка. Како министерка, како мајка на две ќерки, но пред се како жена. На почетокот на вториот ден од оваа конференција ќе порачам – нашиот професионален успех ќе биде целосен, само доколку дадеме поддршка, охрабриме, поттикнеме, мотивираме барем уште една жена да зачекори храбро во светот на мажите. Само на тој начин ќе ја оствариме нашата мисија и ќе ја исполниме визијата и на Беназир Буто и на стотици, илјадници други жени кои се заслужни за она што го имаме денес, рече министерката.

Директорот на Фондор за иновации Коста Петров рече дека ваквите конференции раѓаат идеи, а тие идеи создаваат политики, а преку тие политики го менуваме општеството.

– Жените прават неверојатни чекори во областа на претприемништвото во целиот свет, но се повеќе и во нашата земја. Се повеќе бизниси старт-апи се основани од жени. Повеќе жени претприемачи и што е можеби уште поважно, повеќе брендови што го веат знаменцето во сопственост на жена. Ова стана беџ на честа, наместо нешто што се крие, рече Петров.

Тој посочи дека повеќе не треба да се прашуваме за улогата на жените што ја имаат во придонесот за светскиот економски развој.

– Жените сега учествуваат со 40 проценти од работната сила во повеќе од 80 земји во светот и контролираат повеќе од 20 трилиони долари годишно. Токму жените се во центарот и на иновациите и на претприемништвото, истакна Петров.

Вчера, на првиот ден од Конференцијата, се формира првата Мрежа на жени дипломати од Западен Балкан 6, со амбиција истата да се прошири и на Регионот од Југоисточна Европа.

Заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаку, вчера истакна дека според усвоената заедничка изјава за воспоставување регионална мрежа на жени дипломати од Западен Балкан 6, препознавањето на родовата еднаквост е основа за целосно и еднакво уживање на сите човекови права, како и нејзиното суштинско значење, со цел да се постигне фер општество. 

TwistMoe: Mahoutsukai Jiji anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime twist app

Colorful Episode Full

GoGoAnime: Wakakozake anime episode 12 online free at https://gogoanime.be gogoanime boku no hero academia

Website https://animedao.nl: Watch Armored Trooper Votoms: Red Shoulder Document - Roots of Treachery animedao Episode Full anime online

Buzzfeed: https://www.buzzfeed.com/kissanimemx

Mapleprimes: https://www.mapleprimes.com/users/gogoanimelol