December 1, 2022 18:36
Хроника

Жена фрлила плинска боца од балкон на паркинг и запалила автомобил

Жена од Дебар фрлила плинска боца од балкон доле на паркингот, при што предизвикала пожар во паркирано возило.

Според информациите, 70-годишната Б.Б. запалила плинска боца на балконот во својот дом, при што се запалиле алиштата и таа ја фрлила боцата доле.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против жената поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.