December 5, 2022 08:34
Македонија

Жан Митрев искеширал 1 милион евра како гаранција дека нема да бега

Докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра во кеш во Основниот Кривичен суд во Скопје дека нема да избега од државата, соопшти денеска на брифинг со новинарите, шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски.

Со понудена гаранција од милион евра докторот Жан Митрев ветува дека нема да бега и ќе биде достапен на правосудните органи се додека против него Основното јавно обвинителство Скопје води постапка за хемофилтрацијата на болните од ковид-19 и болничките бактерии во неговата болница. Освен дадената гаранција која е прифатена од Основниот кривичен суд, на осомничениот му е одземен и пасошот.

Според Бубевски, досега се сослушани 80 отсто од пациентите кои пријавиле дека се оштетени.

-Зголемени се мерките за присуство и покрај патната исправа од осомничениот е дадена гаранција дека нема да избега во готов износ од 1 милион евра во Кривичниот суд и цениме дека со овие мерки е обезбедено присуство на обвинетиот, рече Бубевски на денешниот брифинг.

Според обвинителот, истражна постапка за случајот би требало да заврши за два до три месеци. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација.

Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев” и доктор Жан Митрев.

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor