November 27, 2020 03:38
Магазин

Ештон Качер и сопругата Мила Кунис гласаа во Лос Анџелес

Ештон Качер и Мила Кунис гордо ги носеа стикерите „Гласав“, откако го дадоа својот глас за следен американски претседател во саботата.

Bљубените птички, кои се во брак од 2015 година, се појавија расположени, држејќи се за раце со нивната шестгодишна ќерка Вајат и синот Димитри (3).

Откако го искористија своето право на глас во Лос Анџелес, на четиричлено семејство можеше да се видат заштитни маски за лице среде пандемија на Ковид-19.

Изборните службеници ги повикаа гласачите да ја искористат опцијата за рано елетронско гласање, бидејќи до денот на избори на 3 ноември останува помалку од две недели.

Во саботата започна и предвременото гласање во округот Лос Анџелес во повеќе од 118 гласачки места, според „Лос Анџелес тајмс“.