September 18, 2021 16:22
Свет

ЕЦДЦ: Европа ги вклучува портокаловите аларми поради Ковид-19

Картата на Европа повторно се менува за влез на туристите, бидејќи големи делови на Франција, Грција и цела Ирска ја менуваат бојата по последното ажурирање на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), пренесува Брисел тајмс.

Според последните промени, Франција и Грција ќе вклучат речиси целосно портокалов аларм поради ширењето на Ковид-19. Неколку региони во Италија исто така се менуваат од зелена во портокалова боја на мапата на ЕЦДЦ.

Во Франција, регионите кои ќе се променат ќе бидат: Долна Нормандија, Горна Нормандија, Норд-Па-де-Кале, Пикардија, Алзас, Шампањ-Арден, Лорен, Лоара, Бретања, Аквитанија, Лимузен, Поату-Шарант, Оверн и Рона-Алпи.

Јужна Корзика вклучи црвен аларм од минатата среда, како и прекуморскиот дел на Гваделупе на Карибите. Монако исто така ќе биде во црвено од среда.

Во Грција промената ќе се одрази на островите на Северен Егеј, централна Македонија и централна Грција, што значи дека речиси целата земја е портокалова. Атика и Крит остануваат црвени, додека островите во Јужен Егеј, Епир, Тесалија и Јонските Острови исто така ќе станат црвени.

Италијанските региони Сицилија, Сардинија, Венето и Лацио стануваат портокалови. Ватикан е исто така портокалов.

Во Чешка, Прага е портокалова. Северозападна Швајцарија и источна Швајцарија се менуваат од зелена во портокалова.

Ирска во моментов е цела портокалова, но северните, западните, јужните, источните и централните региони ќе станат црвени од среда. Шведскиот главен град Стокхолм станува портокалов.

ЕЦДЦ признава дека делта мутацијата на Ковид-19 е доминантна во повеќето од 28-те земји кои пријавиле доволно целосни информации за генетско секвенционирање. Од 19 земји, просечното учество покажува дека делта сојот е застапен 68,3 отсто, пред досега доминантната алфа варијанта – 22,3 отсто во регионот.

Врз основа на тековните трендови, делта варијантата ќе биде глобално доминантен вид во следните месеци и веќе е идентификувана во речиси сите европски земји и ќе продолжи да се шири.

– За жал, во многу земји во нашиот регион, забележуваме значително зголемување на преваленцата на многу заразната делта мутација. И покрај огромните напори на земјите-членки да ги вакцинираат луѓето низ целиот регион, уште милиони остануваат невакцинирани и затоа се изложени на ризик од хоспитализација, вели д-р Ханс Хенри Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

– Добрата вест е дека податоците јасно покажуваат оти целосната вакцинација значително го намалува ризикот од сериозни болести и смрт. Кога ќе бидат повикани да го сторат тоа, луѓето треба да се вакцинираат, наведува Клуге.

– Ние мора да останеме будни и да продолжиме да користиме здрав разум за да спречиме ширење на вирусот. Ова значи да се добие целосен тек на вакцинација веднаш штом се појави можност и да се одржува физичка дистанца, да се мијат рацете, да се избегнат преполни простори и да се носи маска кога е потребно. Овие се мерки за кои знаеме дека делуваат за да се заштитиме себеси и другите. Треба да мислиме на нив како „антиблокирачки мерки” бидејќи тие можат да помогнат да се спречи ширењето на болеста без да мора да се затвораат големи делови од општеството, вели Андреа Амон, директор на ЕЦДЦ.

СЗО и ЕЦДЦ ги повикуваат приоритетните групи како што се возрасни лица, лица со хронични болести и здравствените работници да бидат вакцинирани против Ковид-19 со цел да ги заштитат ранливите луѓе со кои контактираат од сериозни болести.

Покрај тоа, се препорачуваат брзи вакцинации за сите групи. Со ширењето на делта варијантата, ќе се бара интензивно спроведување на тековните мерки за јавно здравје, вклучително и засилен пристап до тестови, за следење на пренесувањето на Ковид-19, особено затоа што напредокот на вакцинацијата е низок во многу земји.

Потврдените случаи на коронавирус се зголемуваат низ Европа секоја недела во последните четири седмици. Процентот е зголемен во сите возрасни групи, но најбрз меѓу 15 до 24-годишници, каде што во последниот месец има пет пати поголемо зголемување на регистрираните случаи.

Д-р Клуге има јасна порака до тие земји за олеснување на социјалните мерки во европскиот регион: „СЗО препорачува земјите да го зголемат пристапот до бесплатни тестови, да промовираат карантин за контакт и изолација за потврдени случаи и да го зајакнат следењето на контактите”.

Патувањето не е без ризици. Патувања и групни собири може да го зголемат ризикот од инфекција и ширење на Ковид-19. Ако сакате да патувате, размислете за потребата и разгледајте ги вашите ризици, наведува ЕЦДЦ.

Website https://animebee.to: Watch Shin Kabukichou Story Hana no Asukagumi! animebee Episode Full watch anime free

Watch anime online for free at AnimeFreak animefreak attack on titan

Watch Mirage of Blaze: Rebels of the River Edge Episode 3

Kimi ni Todoke 2nd Season: Minitodo Gekijou Episode 2

Mapleprimes: https://www.mapleprimes.com/users/gogoanimelol

Buddypress: https://buddypress.org/members/kissanimemx/profile/