April 20, 2021 19:47
Спорт

ЕХФ ги регистрира со службен резултат неодиграните мечеви во ЛШ и ЛЕ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) која мака мачи за да ги организира натпреаврувањата во Лигата на шампионите и Лига Европа, денеска одлучи недиграните мечеви од групите во овие натпреварувања ди ги регистира со службен резултат. Со овој потег ќе сен аправи конечен редослед во групите и ќе може да се пристапи кон разигрувањето со нокаут-фазата. Претходно веќе токму од сититие причин, ЕХФ одлучи сите екипи од групите во ЛШ да бидат вклучени во разигрувањето.

Меѓу екипите кои добија службени бодови се и три македонски претставници во двете натпреварувања, Вардар во ЛШ, како и Металург и Е.Пелистер во ЛЕ.

Вардар доби вкупно три бода за трите неодиграни натпревари во групната фаза од ЛШ. За дуелот во  Германија против Фленсбург, „црвено-црните“ добиваат два бода, а еден бод и за гостинскиот натпревар против ПСЖ што е регистриран со службен резултат 5-5. Неочекувано, „црвено-црните“ службено го загубија домашниот дуел со ПСЖ, кој е регистриран со 0-10 за францускиот првак.