March 1, 2021 11:53
Свет

ЕУ со ултиматум до Полска за судските реформи

Европската комисија и даде на Полска рок од еден месец да ја прекине работата на дисциплинската комисија, која претставува закана за независноста на судството.

Ултиматумот е издаден откако Варшава претходно ги игнорираше жалбите.

Комисијата назначена од Владата, формирана во 2017 година, за казнување на судиите, е една од повеќето спорни судски реформи преземени од владејачката Партија на правото и правдата, која дојде на власт во 2015 година.

– Дисциплинската комисија на Врховниот суд продолжува да ги контролира полските судии и претставува закана за нивната независност, предупреди еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Тој изрази подготвеност да преземе мерки за гаранција дека сите судови во ЕУ можат да ја извршуваат својата работа целосно независно, како што наложуваат законите на Унијата.

ЕК и дава на Полска рок од еден месец да ги преземе потребните мерки што се согласно европското законодавство или ја предупредува Варшава дека ќе биде исправена пред Судот на ЕУ.

– Денешната одлука е уште еден чекор, за кој сум сигурен, дека ќе донесе резултати, истакна еврокомесарот.

Ваквиот потег е дел од кривичната постапка на ЕУ започната во април против реформите во Полска.

ЕК смета дека Полска го крши законот на ЕУ со дисциплинската комисија.

Fog Hill of Five Elements Episode 3 at website https://animeheaven.pro. See more animeheaven boruto

Attack on Titan Episode 25 at website https://animeplanet.cc. See more jojo's bizarre adventure anime planet