November 30, 2021 10:32
Свет

ЕУ Самит: Нема силен заеднички одговор за претстојната енергетска криза

Најжешката тема на ЕУ самитот – цените на енергијата и кризата која им претстои на граѓаните на ЕУ – заврши без силен одговор од страна на лидерите на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Драстичниот раст на цените на гасот и струјата неизбежно ќе значи криза особено во зимските месеци за граѓаните и бизнисите во ЕУ. Земјите членки се поделени за одговорот кој треба да се донесе на оваа криза и првиот ден од ЕУ самитот не донесе убедлив излез од ќор сокакот.

Заклучоците објавени ноќеска во голем дел ја оставаат топката во рацете на земјите членки, а се водела и дискусија за функционирањето на енергетскиот пазар, повторно без убедлив и сеопфатен одговор кој би ги задоволил сите.

Лидерите на 27-те земји членки го повторија ставот кој се врти последниве недели во Брисел: треба да се ублажи шокот за најранливите категории на граѓаните и малите и средни претпријатија.

Европската Комисија пред неколку недели им предложи неколку алатки на земјите членки за оваа цел, меѓу нив видови помош за најранливите и одредена фискална флексибилност.

Европскиот Совет ја повика Комисијата да произведе студија на пазарот на гасот и струјата како и пазарот на размена на штетни емисии (ЕТС), комплексен ЕУ механизам кој става лимит на загадување со ЦО2 емисии преку купување на дозвола за секој тон ЦО2 што се емитира. Чешка, меѓу другото, обвинува дека се манипулира со овој пазар.

Лидерите бараат од Комисија да утврди, со помош на Европската пазарна власт (ЕСМА) дали е тоа случај и доколку одговорот е позитивен да преземе регулаторни мерки.

Земјите членки се охрабруваат на краток рок да ги користат алатките што ги нуди Европската Комисија за ублажување на шокот за најранливите, согласно националните потреби. На долг рок ЕУ земјите треба да работат на зајакнување на енергетската отпорност на ЕУ и да ја поддржат климатската неутралност, додека Европската инвестициска банка се охрабрува да ги зголеми инвестициите во енергетската транзиција за да се намалат ризиците од шокови во иднина.

Европската Комисија и повеќе земји членки, посебно западните, инсистираат дека единствен излез од кризата е масовно инвестирање во обновливите извори на енергии кои се произведуваат домашно во Европа и чинат поевтино, изјави вчера претседателката на Европската Комисија.

Дебатите внатре во салата меѓу лидерите биле остри околу начинот на справување со енергијата, од повеќе аспекти, вклучително и иднината на нуклеарната енергија, која повеќе земји оценуваат дека треба да се смета за еколошка, додека други ја сметаат за опасна по јавното здравје.

Неизбежно земјите членки се судрија и околу иднината на односите со Русија, важен доставувач на гас во Европа преку Северен тек.

Што се однесува до другата тензична тема на Самитот – владеењето на правото и Полска, лидерите воделе дебата, но без финални заклучоци. Лидерите чекаат Европската Комисија да излезе со своја правна анализа на темата, со што се избегна политичка ескалација помеѓу Полска поддржана од Унгарија од една страна и Холандија и нејзините сојузници од друга. Франција и Германија останале воздржани.

Од десет часот утрово започнува втората сесија на самитот, каде главна тема ќе биде миграцијата.

Watch anime online for free at TwistMoe anime

Witch Hunter Robin (Dub) (https://animekisa.in/m/PddY) Episode 26

https://animeflix.nl animeflix reddit

Website https://animefreak.ws: Watch Wo Jiao Bai Xiaofei animefreak Episode 39 kiss anime freak

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE