November 26, 2020 05:01
Балкан Свет

ЕУ продолжува да испраќа помош за кампот Мориа на Лезбос

Грција има потреба од дополнителна помош по големиот пожар што го уништи бегалскиот камп на островот Лезбос, ЕУ продолжува да се мобилизира велат од Европската Комисија.

Преку ЕУ механизмот за цивилна заштита Данска, Австрија, Финска, Шведска и Германија испратија дополнителни реквизити во Лезбос, главно покривачи, шатори и вреќи за спиење, на барање на Грција. 

За кампот Мориа од април се мобилизира поддршка од повеќе земји членки, Полска, Австрија, Данска, Холандија, Чешка, Франција испратиле душеци, вреќи за спиење, постелнина, медицински контејнери, итн за потребите на бегалците во Мориа, велат прес службите во Брисел.

Еврокомесарот задолжен за хуманитарна помош и за Механизмот за цивилна заштита, Јанез Ленарчич, им се заблагодари на земјите членки за нивната поддршка нарекувајќи ја “солидарност во акција”.