June 21, 2021 19:24
Свет

ЕУ презема мерки за заштита на Украина од руската агресија

ЕУ смета дека Русија се обидува „де факто да интегрира” делови од источна Украина преку „нелегитимни избори” и издавање пасоши на локалното население, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на документ, кој циркулира меѓу членките на Унијата.

Покрај тоа, ЕУ има намера да ја зајакне енергетската безбедност на Украина, како и да ја привлече земјата да учествува во голем број безбедносни проекти на ЕУ во момент на најави за евентуална руска агресија, се наведува во документот.

Истовремено, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека прашањето за издавање пасоши е чисто од хуманитарен карактер, дека Русија нема желба да му создава проблеми на Киев, но ситуацијата со граѓанските права во Донбас ја преминува границата.

Во документот на ЕУ се наведени голем број опции кои Унијата може да ги преземе за „зајакнување на отпорноста на Украина кон руската агресија”. Тие вклучуваат зајакнување на поддршката за земјата во борбата против „хибридните закани, вклучително и спротивставување на кибер заканите и дезинформациите”, помагање на Украина со вакцинации, особено за ранливите групи, со цел да се спречи слабеењето на земјата како резултат на социо-економска или здравствена криза. ЕУ, исто така, размислува за зголемување на енергетската безбедност на земјата „за да се намали зависноста од Русија” и пристапот на Украина да учествува во некои безбедносни проекти на ЕУ.

Агенцијата Блумберг додава дека Европската служба за надворешни работи планира да изготви извештај за ова прашање.

Украинските власти и западните земји постојано ја обвинуваат Русија за мешање во внатрешните работи на Украина. Русија ги негира обвинувањата и ги нарекува недопустливи. Москва постојано изјавува дека не е инволвирана страна во внатрешноукраински конфликти и е заинтересирана Киев да ја надмине политичката и економската криза.

WCOStream dubbed anime: How Not to Summon a Demon Lord Ω (https://wcostream.cc/m/2Are) Episode 5

AnimeTV animetv onepiece: Watch Gintama Episode 137 (https://animetv.cc/m/xzP/ep-137)