September 24, 2021 15:35
Свет

ЕУ и ветува милиони евра на Литванија за решавање на мигрантската криза

Европската унија и вети помош од десетици милиони евра на Литванија за решавање на мигрантската криза, за која ги обвинува соседна Белорусија и нејзиниот авторитарен претседател Александар Лукашенко, пренесува Бета.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон пристигна вчера во Литванија, членка на ЕУ, денот кога 287 лица влегоа во земјата од Белорусија.

– Тоа е провокација од режимот на Лукашенко. Мораме да покажеме дека нема слободен пристап до територијата на ЕУ, рече Илва Јохансон.

Според неа, Литванија, ЕУ и земјите од Шенген зоната мора да спречат „нелегален пристап до таа област”.

„Затоа ЕУ ја поддржува Литванија во одбраната на нашата заедничка надворешна граница со Белорусија”, додаде еврокомесарката.

Од почетокот на годината, повеќе од 3.800 мигранти влегле во Литванија, наспроти околу 80 минатата година. Повеќе од две третини од мигрантите се ирачки државјани. Ирачките авиокомпании го зголемија бројот на летови од Багдад до Минск.

Литванските власти ја обвинија Белорусија за организирање премин на мигранти преку границата. Властите проценуваат дека ова е акт на одмазда на Лукашенко, бидејќи многу претставници на белоруската опозиција побегнаа во Литванија по спорните претседателски избори.

– Ќе испратам делегација која ќе помине неколку дена овде за детално да разговара за можноста за финансирање на добар систем за заштита на границите, кој вклучува следење и заштита од илегални мигранти, рече еврокомесарката. Таа додаде дека за таа намена ќе бидат издвоени меѓу 20 и 30 милиони евра.

Владата на Литванија сака да изгради физичка ограда со Белорусија, за која се проценува дека ќе чини повеќе од 100 милиони евра.

WCOStream: Secrets of Akko-chan anime episode 1 online free at https://wcostream.cc watch cartoons online wcostream

Cat Shit One (https://animepahe.cc/m/52PQ) Episode Full

KUIYU CHOUYUAN (https://animeflix.nl/m/zxpw) Episode Trailer

Website https://animeflv.uk: Watch The Brave of Gold Goldran animeflv Episode 48 dubbed anime

Degreed: https://degreed.com/profile/gogoanimebe#/collection

Lawrence: http://www.lawrence.com/users/animefreakws/