November 16, 2019 03:39
Свет

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после Брегзит

Функционери од Европската унија, кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит, велат дека најголемата пречка за постигнување договор е „речиси решена”, јави Бета.

Изворите од ЕУ велат дека главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние рекол дека Ирското Море ќе биде царинска граница меѓу Унијата и Велика Британија, со што ќе се избегне видлива копнена граница на ирскиот остров. Но, таквиот договор би ја ставил Северна Ирска во посебна положба.

Европските функционери појаснуваат дека разговорите се „активни”, дополнувајќи дека преговарачите работат на политичка декларација, која се уште не е правно обврзувачки документ.

– Неколку сложени технички прашања допрво треба да бидат решени, тврдат европските функционери.

Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија во Брисел разговараа со цел да се постигне договор за Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, со цел по излегувањето од Унијата, идните односи меѓу Лондон и Брисел да бидат соодветно уредени. 

Нови вести

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право во потрагата по нафта и гас

Filip

Истражување: Климатските промени ги изложуваат идните генерации на доживотни здравствени проблеми

Filip

На 9 декември средба на Макрон, Путин, Зеленски и Меркел

Filip