October 22, 2021 09:13
Балкан

ЕУ им ги продолжи мандатите на специјалните претставници за БиХ и Косово

Советот на ЕУ денеска им ги продолжи мандатите за уште две години на специјалниот пратеник на ЕУ за Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер и специјалниот пратеник за Косово, Томаш Шуњјог.

Австрискиот дипломат Јохан Сатлер првпат е назначен за специјален пратеник за Босна и Херцеговина во август 2019 година и неговиот мандат сега е продолжен до 31 август 2023 година.

Чешкиот дипломат Томаш Шуњјог е именуван првпат за специјален пратеник за Косово на едногодишен мандат, од 1 септември 2020 до 31 август 2021 година. Сега неговиот мандат е продолжен за уште две години.

Специјалните претставници на ЕУ (ЕУСР) ги промовираат политиките и интересите на Унијата во одредени региони и земји и работат на прашања од посебен интерес или интерес за ЕУ.

Нивната улога е активно да учествуваат во напорите за зајакнување на мирот, стабилноста и владеењето на правото. Првите специјални претставници се назначени во 1996 година.

Моментно, девет специјални претставници на ЕУ ја поддржуваат работата на високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Покрај Сатлер и Шуњјог, ЕУ го има и специјалниот пратеник Мирослав Лајчак, кој е одговорен за дијалогот Белград – Приштина и други регионални теми на Западен Балкан.

ЕУ има специјални пратеници за Јужен Кавказ и кризата во Грузија, за Сахел, Рогот на Африка, Централна Азија, блискоисточниот мировен процес и човековите права.

AnimeFreak: Steel Angel Kurumi anime episode 24 online free at https://animefreak.ws anime freaks website

Website https://animedao.nl: Watch Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? II (Dub) animedao Episode 12 animedao god of highschool

AnimeKisa: Pokemon: The First Movie anime episode Full online free at https://animekisa.in anime websites

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/animefreakws

Triberr: https://triberr.com/gogoanimelol