January 24, 2021 07:25
Македонија

ЕУ едногласно се противи на бугарското барање за поглавје 35 за С.Македонија

Ниедна земја членка на ЕУ не го поддржува барањето на Бугарија да се вметне поглавје 35 во преговорите со Северна Македонија посветено на билатералните прашања, голем број земји стравуваат дека Софија му наштетува на целиот регион со својот став. Бугарија не се откажува од барањето за поглавје 35 во преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, барање кое предизвикува голема загриженост кај останатите членки, посебно со оглед на тоа дека голем број земји сметаат дека ова барање „се должи на изборите” и е „непринципиелно”, велат за МИА дипломати на повеќе земји членки на ЕУ.

Конкретно, во новата методологија на Европската Унија за пристапните преговори со земјите кандидати поглавјето 35 се брише. Претходно ова поглавје постоеше како опција за „други прашања”, односно политики кои не се предвидени во ниедно друго поглавје. Најистакнат пример е тој со Србија за која поглавјето 35 е посветено на односите со Косово, и за кое ЕУ има мандат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, како безбедносно прашање. Бугарско-македонскиот спор не се смета за безбедносен во ниту една меѓународна организација.

Во случајот со Белград, и поради сензитивноста на косовското прашање, поглавјето 35 има иста тежина како поглавјата 23 и 24 (правда и судство) и има моќ да го блокира, суспендира, или врати назад целиот процес на интеграција на Србија во ЕУ. Токму тоа, според дипломатите со кои разговараше МИА, го бара и Бугарија за Северна Македонија, што би довело до „билатерализација” на процесот на проширување со Скопје, нешто што е спротивно на принципите на ЕУ.

За дипломатите од земјите членки на ЕУ ова може да биде „опасен преседан” за останатите земји кандидати на западниот Балкан, но исто така ја потврдува тезата на најскептичните земји дека проширувањето кон источноевропските земји се случило прерано и дека треба да се стопира.

Со ова Бугарија би можела да им направи “голема противуслуга на сите земји од регионот” коментираат од земјите членки на Унијата.

-Оваа политика на условување на Бугарија се плашам дека само ќе ги зајакне резервите на скептичните земји членки на ЕУ кон проширувањето и ќе се искористи како потврда за тезата дека прерано ја примивме Бугарија и дека сега ја плаќаме цената за тоа, објаснува ЕУ дипломат за МИА.

Инсистирањето на Софија да ја блокира Северна Македонија „непринципиелно”, велат дипломатите, „може да има „далекусежни последици” и ретко кој во ЕУ ја разбира бугарската позиција, посебно со оглед на тоа дека станува за историски прашања за кои дипломатите не се стручни, ниту со кои се занимаваат.

Бугарската блокада врз Северна Македонија создава “огромна фрустрација” и во другите институции на ЕУ како Европската Комисија, Парламентот и дипломатските служби, посебно поради тоа што за повеќето познавачи во Брисел “ова се користи само за изборни цели”, и воедно му штети на кредибилитетот на самата Бугарија, вели дипломат од земја членка на ЕУ за МИА.

Повеќе земји членки велат дека македонската позиција е разумна, и се надеваат дека нема земјата да прибегне кон радикална реторика која би ја ставила во позиција на слабост за понатаму, но признаваат и дека ништо не можат да направат против бугарското вето, кое е право на секоја земја членка на Унијата.

Друг дипломат со кој разговараше МИА смета дека “тешко дека нешто ќе се помести пред изборите во Бугарија” планирани за март бидејќи бугарската страна “не сака ништо да слушне”.

Во секој случај станува извесно дека доколку Софија продолжи да инсистира на поглавје 35 во процесот можно е самата таа да се соочи со вето од други земји членки на ЕУ за кои ова барање е „неразумно и неприфатливо”.

Watch By the Grace of the Gods (Dub) Episode 2 (https://crunchyrollfree.com/m/xQYa/ep-2) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free account reddit

Watch Wonder Egg Priority Episode 1 at website https://kissanimeonline.com kissanime twitter