June 25, 2022 10:30
Свет

ЕУ денеска расправа за Украина и проширувањето

Министрите за европски прашања од земјите-членки на ЕУ се состануваат денеска од 10 часот во рамките на Советот за општи работи на ЕУ, и ги подготвуваат двата претстојни самити на лидерите, јави дописничката на МИА од Брисел.

На дневен ред е првично Украина, финансиската и хуманитарната помош од ЕУ, енергетските и прехранбените последици за Европа и за светот, но и апликацијата на Киев за членство во Европската Унија.

Повеќе министри пред почетокот на Советот изразија поддршка за кандидатурата на Украина во ЕУ, но чекаат прво Европската Комисија да објави стручно мислење.

Ова мислење се очекува во текот на јуни, а потоа ќе биде тема на дискусија на лидерите на ЕУ на самитот на крајот од јуни.

Австриската министерка за ЕУ, Каролин Естатлер, меѓу другите, порача дека не смее да се заборави дека треба да започнат и преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија, кои чекаат формално отпочнување на овој процес од март 2020.

Една од најважните теми за министрите денеска ќе биде енергетската безбедност на ЕУ и подготовките за зимата, додека земјите преговараат за нов пакет санкции против нафтениот сектор во Русија, тема за која сѐ уште не успеваат да постигнат согласност.

Европските министри ќе разговараат и за прехранбената безбедност, со оглед на тоа дека Русија и Украина се двете најважни извозници на житарици не само во Европа туку и за голем дел од светот.

На дневен ред денеска е и сослушување на Украина во рамките на процедурата за владеење на правото.

mẹo bắn cá go88

không tải được sunwin pro plus tải game sunwin sunwin không rút được tiền