Свет

ЕУ го објави соодносот на процентот на вакцинација и бројот на починати од коронавирус

Земјите со најмал процент на вакцинирана популација се соочуваат со најголем број смртни случаи од последиците од коронавирусот на милион жители, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, објавени од Европската комисија (ЕК).

Соодносот меѓу земјите со најмногу вакцинирани лица кои починатите во Европската Унија (ЕУ) е претставен во графикон, на кој бројот на умрени на милион жители се однесува на период од 14 дена.

„Податоците покажуваат дека колку е поголем опфатот со вакцинација, толку е помала смртноста“, напиша Европската комисија во описот на графиконот.

На врвот на листата е Ирска, каде што се вакцинирани 93 отсто од возрасната популација. Во претходниот 14-дневен период има 15 смртни случаи на милион жители. На второ место е Португалија со 92 отсто од вакцинираните кај населението над 18 години и десет смртни случаи на милион жители, додека Малта со истиот процент на вакцинирани бележи нула смртни случаи на милион жители во претходните две недели.

Земјите на дното на листата имаат значително поголем број смртни случаи, па така Полска има 62 проценти вакцинирани и 49 смртни случаи на милион жители во период од 14 дена. Во Хрватска вакцинирано е 55 отсто од населението, а во истиот период има 168 смртни случаи од коронавирус.

Една од ретките земји членки на ЕУ во која процентот на вакцинирани не е обратно пропорционален со бројот на смртни случаи е Словачка, која има 54 проценти од вакцинираната возрасна популација, со 29 смртни случаи на милион, што е значително помалку од другите земји на дното на листата.

Романија и Бугарија се на дното на листата. Романците вакцинирале 43 отсто од возрасните и имаат 267 смртни случаи на милион жители. Бугарите го држат последното место според бројот на вакцинирани (29 отсто), со најголем број смртни случаи во последните две недели во целата Европска Унија – дури 325 на милион жители.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

AnimeDao Black Clover (Dub)

anime to watch Mother of the Goddess’ Dormitory

Dragon Ball Super

free anime AnimeDao Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2