June 28, 2022 02:29
Македонија

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

Европските претставници од сите групи на ЕУ ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави БНР. Двете страни ги продолжуваат преговорите.

Северна Македонија очекува Бугарија да одобри почеток на преговорите на земјата со ЕУ.

„Македонската влада направи се’ што очекувавме, но не ги започна преговорите. Земјата е синхронизирана и со политиките кон Русија“, изјави социјалистот Тонино Пацула.

Европратеникот Андреас Шидер инсистира дека бугарското однесување не решило ниту едно прашање, а покрај тоа има влијание и врз земјата и ЕУ.

И францускиот претседател Емануел Макрон вчера во телефонските разговори со премиерот Димитар Ковачевски, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со бугарскиот претседател Румен Радев посочил дека Северна Македонија и Албанија треба брзо да се поттикнат да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив.

Претходно неделава високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика веднаш да почнат преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Борел за првпат постави рок, барајќи бугарското вето да се укине до крајот на француското претседателство, кое истекува на крајот на јуни.

Ковачевски: Не постои документ што е заеднички прифатлив за двете страни

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во овој момент нема прифатлив документ кој може да претставува основа за решение. Премиерот подвлече дека нема да има никави отстапки, со оглед на тоа што разговорите и решението мора да се заснова на европски вредности, на меѓусебно почитување помеѓу политичарите, институциите и граѓаните од двете држави и задржување низ разговорите на достоинството на граѓаните на двете држави.

Ковачевски изјави дека нашата европска интеграција е сведена на зборување за историја, што практично, како што изјави, сите земји од Европската Унија го оправдуваат. Кога се зборува за историја, не се ветува ништо, туку само се зборува за нешто што се случило пред 100-150 години. Тоа е класична уцена и не може да произведе никаков бенефит за никого. Затоа сметам дека зборувањето за теми што ја засегаат иднината на државата се многу значајни и на таква основа треба да се водат сите разговори, рече Ковачевски.

Тој повтори дека нас ни е потревно брзо решение, но не избрзано решение.

„Северна Македонија 17 години има кандидатски статус и постои опасност за еден процес што е толку долг, да се намали довербата во него, не од страна на институциите, туку од страна на самите граѓани. Втора работа е што во услови на постојното, ново, после војната во Украина, геостратешко вложување во Европа, проширувањето на ЕУ не претставува само економско или политичко прашање, туку претставува и безбедносно прашање. И од таа причина сметам дека ЕУ треба час поскоро да одреди датум за отпочнување на преговори со Северна Македонија“, изјави Ковачевски.

„Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар“

Пред два дена, бугарскиот претседател, Румен Радев, изјави дека не треба да се дозволи легитимација на македонизмот. Во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната, изјави Радев по средбите со германскиот државен врв во Берлин.

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, пак рече дека „ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи.

„Односите меѓу нашите две земји не може да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме во чие поле е топката“, рече Генчовска коментирајќи ја изјавата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи дека топката е на полето на Бугарија.

„Министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, често се појавува во медиумите и постојано зборува. Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме во кој тим е или на кој терен е топката. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи“, рече Генчовска.

go88 ơ mỹ

không vào được sunwin bảng tài xỉu sunwin sunwin là ai