October 25, 2021 20:07
Свет

ЕУ воведува ден на органското производство на храна

Од денеска 23 септември во ЕУ ќе биде “органски ден” или ден на органската храна и земјоделство, најави еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски.

Целта е до 2030 дваесет и пет отсто од земјиштето да биде посветено на органското производство. Европската Комисија смета дека е ова е амбициозна цел која ќе може да се постигне благодарение на низата конкретни мерки што ги нуди за земјоделците за да се развие и побарувачката и производството и одржливоста.

Фокусот, вели ЕК, е ставен на малите и средните производители и се работи на тоа да им се помогне да постигнат високи стандарди за да одговорат на растечката побарувачка.

Имено меѓу 2009 и 2019 година продажбата на органски производи е зголемена за 128 отсто, потсети еврокомесарот.

Комисијата го одбра 23 септември како прв ден на есента и симбол на балансот помеѓу денот и ноќта и природниот циклус на сезоните.

-Органското земјоделство ги балансира потребите за производство на храна и за заштита на климата и нѐ потсетува дека треба да има баланс и помеѓу сите чинители во ланецот на производство, рече еврокомесарот на денешната прес конференција. 

Watch anime online for free at AnimeDao my hero academia season 4 animedao

Website https://animebee.to: Watch Guomin Laogong Dai Huijia 3rd Season animebee Episode 8 watch anime dub

Watch A Certain Magical Index: Specials Episode 2

Watch Garaga (Dub) Episode Full

Pokerinside: http://www.pokerinside.com/profiles/view/435091

Huntingnet: https://www.huntingnet.com/forum/members/animefreakws.html