November 18, 2019 23:41
Свет

ЕУ бара транспарентност од Турција во врска со финансиите наменети за бегалците

Европската Унија е на удар откако беше обвинета дека не си ги одржува ветувањата, вели претседателката на Европската комисија.

Таа додава дека ЕУ мора да се изјасни колкава сума пари е исплатена на Турција за поддршка на бегалците од Сирија.

Договорот помеѓу Турција и ЕУ од март 2016 година беше важен и комплексен, изјави Урсула вон дер Лејен.

Лејен вели дека ЕУ била подготвена да ги исплати оние 6 милијарди евра што ги ветила за бегалците во Турција, но дека постојат информации дека целосната сума не била платена.

„Гледаме различни бројки. Јас мислам дека бројките мора да се дефинираат. Сите ние имаме одговорност за ова“, посочи таа.

Договорот од 2016 имаше за цел да ја намали нелегалната миграција низ Егејското Море преку преземање строги мерки за спречување на шверцот со луѓе и подобрување на условите за трите милиони сириски бегалци во Турција.

Турција ја обвини ЕУ дека не успеала да се држи до својата страна на договорот, вклучувајќи ја визната либерализација за Турците, како и целосниот финансиски пакет наменет за сириските бегалци.

Минатата недела претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е долгогодишен критичар на неуспешните обиди ЕУ да го задржи ветувањето, предупреди дека Турција може да „ги отвори портите“ и да ги пушти сите бегалци во Европа ако Анкара не ја добие донацијата што била ветена.

ЕУ се согласи за ја финансира бегалската криза во Турција со 6 милијарди евра, но за сега земјата добила само 2,22 милијарди евра.

Во моментов Турција згрижува околу 3,6 милиони бегалци од Сирија – повеќе од која било земја на светот.

Нови вести

Хутите киднапирале три бродови во Црвеното Море

Filip

ОН: Нападот во Триполи е воено злосторство

Filip

Демонстрантите во Ирак ги блокираа сите патишта кон главното пристаниште

Filip