February 2, 2023 02:31
Балкан

ЕУ апелира Црна Гора да ја прекине блокадата на институциите

Европската унија денеска ја повика Црна Гора веднаш да ја прекине блокадата на институциите и да ја нормализира ситуацијата во земјата.                                                          -Потсетуваме и инсистираме сите политички чинители да се воздржат од секакви дејствија кои би можеле дополнително да ја продлабочат институционалната криза во државата и да го нарушат функционирањето на демократските институции. Тие треба да дадат приоритет на градењето консензус, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.                                                                Тој на прес-конференција порача дека ЕУ многу внимателно и со загриженост ја следи внатрешно-политичката ситуација во Црна Гора и посочи дека тоа била и останува главната порака.