December 15, 2019 11:30
Спорт

Еурофарм Работник го победи Савехоф со 32:31

Во ракометна драма од осмото коло на Лигата на шампионите битолски Еурофарм Работник го совлада Савехоф со 32:31 (18:12). Во две различни полувремиња, домаќините овој пат и со спортска среќа успеаја заслужено да победат.

Стрелецот на победничкиот гол, постигнат на три секунди пред крајот на средбата, Мирко Радовиќ изјави дека по серијата несреќни порази од еден гол разлика, овој пат среќата беше на страната на Еурофарм Работник.

-Одигравме тежок и неизвесен натпревар. Среќен сум што победивме и оваа победа ја подаруваме на нашиот соиграч, повредениот Невен Стјепановиќ кој сакаме што побрзо да се врати во тимот, рече Радовиќ и се заблагодари на поддршката од верната публика.

Освен Радовиќ кој постигна шест голови, кај домаќините се истакнаа и Јотиќ со седум постигнати гола, како и голманите Митревски и Чаневски со одбрани во важни моменти од натпреварот. Кај шведскиот шампион најефикасен беше Вилијам Богојевиќ кој постигна осум голови.

Нови вести

Селадес и Зидан заедно играа на 41 меч, а вечерва ќе се надмудруваат како тренери

Igor

Гвардиола: Сити му помогна на Ливерпул да стане тоа што е сега

Igor

(ВИДЕО) Дончиќ се повреди, Далас загуби

Igor