June 28, 2022 23:47
Спорт

Еурофарм Пелистер и Бабиќ се разделија

Битолскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер денеска спогодбено ја раскина соработката со тренерот Жељко Бабиќ, два дена по поразот од Вардар 1961 во финалето на Македонскиот куп.

Хрватскиот стратег мина две и пол сезони на клупата на Еурофарм Пелистер, а неговиот наследник ќе биде познат по завршување на сезоната.

– Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек. Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022, соопшти попладнево Еурофарм Пелистер.

https://tai.go88.is/

https://sunwin.fan/