Спорт

Еурофарм Пелистер го растури Металург во Автокоманда

Битолскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер го растури Металург (22-32) во Автокоманда. Тимот  на Металург од почетокот на плејофот не ги постигнува посакуваните резултати и е далеку од битката за титулата.

Металург немаше ниту едно водство на овој натпревар, израмнувања на резултатот беа само 1-1 и 2-2, по што гостите од Битола целосно ја котролираа ситуацијата на паркетот. Одбраната беше на највисоко ниво, а во нападот во првото полувреме блескаа Периќ и Мандалиниќ, кои заедно  постигнаа повеќе голови (11) од целиот тим на Металург (9). Домаќините во последните пет минути од полувремето не посстигнаа ниту еден погодок, а Еурофарм Пелистер го искористи тоа за да замине на одмор со убедливи 9-20.

Периќ постигна седум, а Костески и Мандалиниќ по пет погодоци беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, додека кај Металург расположен беше Хорват кој го заврши мечот со седум гола.

AnimeHeaven anime: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 1

4Anime persona 4 the animation english: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full