December 4, 2022 19:36
Спорт

Еурофарм Пелистер ги доби противниците за Европската лига

По завршувањето на квалификациските рунди, со жрепка во седиштето на ЕХФ се дознаа групите во новата сезона (2022/2023) на ракометната ЕХФ Лига на Европа.

Македонија ја претставува вицешампионот Еурофарм Пелистер кој ќе игра во последната група „Д“ заедно со Фуксе Берлин (Германија), Мотор (Украина), Бидасоа Ирун (Шпанија), Скандерборг-Архус (Данска) и Агуаш Санташ Миланеза (Португалија).

итолчани двапати ќе гостуваат во Германија, покрај дуелот со Фуксе Берлин, против украинскиот Мотор ќе игра во Дизелдорф.

Актуелниот шампион Бенфика од Португалија е во групата „А“ со Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Гепинген, Монпелје и Фејер Б.А.Л-Веспрем. Составот на Алпла Хард од Австрија кој во квалификациите ги елиминираше Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје ќе биде дел од групата „Ц“.