February 3, 2023 13:58
Спорт

Еурофарм Пелистер во вториот барабан пред ждрепката за Лига Европа

Македонскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер во вториот барабан ќе ја чека ждрепката за составот на групите од ЕХФ Лига Европа. Ждрепката е закажана за утре во 11:00 часот, а натпреварувањето во групниот сегмент почнува на 25 октомври.

Со битолчани во групата се уште и екипите на Кадетен Шафхаузен, Гранољерс и Иштад.

Составот на другите шешири е:

Шешир 1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Прованс, Скјерн

Шешир 3: Мотор Запорожје, Татран Прешов, Валур, Балатонфуреди

Шешир 4: Флензбург, Гепинген, Спортинг, Бидасоа

Шешир 5: Монпелје, Бенидорм, Веспрем КФТ, Скандерборг Архус

Шешир 6: Нексе Нашице, Алпла Хард, Ференцварош, Агуаш Сантас