Економија

Етихад ервејс“ забележа загуба од 1,2 милијарда долари во 2018 година

Авиопревозникот „Етихад ервејс“ со седиште во Абу Даби соопшти дека во 2018 година направил загуба од 1,28 милијарда долари, што е трета година по ред компанијата да забележи загуби од над милијарда долари на годишно ниво.

Приходите на „Етихад“ изнесувале 5,86 милијарди долари, што е послаб резултат отколку во 2017 година кога „Етихад“ пријавил приход од 6 милијарди долари.

Во 2017 година „Етихад“ регистрирал загуби од 1,52 милијарда долари, а во 2016 – 1,95 милијарда долари.

Во изминатите три години „Етихад“ забележа вкупна загуба од 4,75 милијарди долари.

Најголем дел од загубите се резултат на порастот на цената на горивата и условите на пазарот, а „Асошиетед прес“ оценува дека големите загуби се резултат и на купувањето акции во авиопревозници од Европа и Австралија.

„Етихад“ е малцински сопственик и во националниот авиопревозник на Србија, „Ер Србија“.

Нови вести

РЕК Битола: Блок 3 исклучен поради грешка во автоматскиот систем за управување

Igor

Вицепремиерот Анѓушев и министрите Тевдовски и Адеми од Виенскиот економски форум: Реформите во енергетскиот, финансискиот и образованиот систем, како и инфраструктурните проекти ја прават Северна Македонија достајна за влез во ЕУ

Valentina

Официјална изјава на Huawei за најавите од Google

Daniela