January 21, 2022 21:56
Свет

Етиопската војска нема да се повлече ни за сантиметар додека не се погреба непријателот

Етиопскиот премиер Абиј Ахмед, кој вчера пристигна на фронтот, во североисточниот регион Афар, изјави дека „нема да се повлече ниту сантиметар додека непријателот не биде погребан и не се обезбеди слобода за Етиопија”.

Британските медиуми не се во можност независно да ја потврдат локацијата каде тој се наоѓа и е снимен од државните медиуми на кои Владата во Адис Абеба им забрани да објавуваат информации од бојното поле кои не пристигнуваат од неа.

-Она што го гледате таму е планина што непријателот ја имаше до вчера. Сега успеавме целосно да ја заземеме, изјави Абиј во униформа, додавајќи дека моралот на армијата е на високо ниво.

„Нема да мрднеме ниту сантиметар додека не го погребеме  непријателот и не обезбедиме слобода за Етиопија. Тоа што ни треба е независна Етиопија и ќе умреме за таа цел, рече Абиј, кој изјавата ја објави и на својот налог на Твитер.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е загрижен поради ескалацијата на ситуацијата во Етиопија и повикува на итни преговори со цел да се надмине кризата, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, по телефонскиот разговор меѓу Блинкен и кенискиот претседател Ухуро Кенијата.

Бунтовниците од Тиграј се заканија дека ќе го заземат главниот град Адис Абеба и ќе го пресечат коридорот што ја поврзува Етиопија со најголемото пристаниште во регионот. Како резултат на овој конфликт, 9,4 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на храна и вода.

„Патиштата до Тиграј се затворени поради нападите на бунтовниците врз регионите Афар и Амхара, како и поради тоа што не се пристигнати одобренијата од сојузната влада. Од средината на јули, помалку од една третина од потребните залихи се влезени во регионот”, соопшти Светската програма за храна.

Владата на Абиј Ахмед повеќе од една година се бори против бунтовниците Тиграј. За ова време илјадници лица загинаа во конфликтот, а милиони се внатрешно раселени во оваа втора најнаселена африканска земја.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime freaks tv Attack on Titan Season 2

old animefreak Josee, the Tiger and the Fish

anime online JUJUTSU KAISEN (Dub)

AnimeFreak Dragon Ball Super (Dub) Episode 128

online anime AnimeFreak WONDER EGG PRIORITY