August 15, 2022 17:42
Економија

ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на ЕВН Хоум- 17 отсто повисока цена од актуелнатаод 48 евра за мегаватчас

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот Јули-Декември 2022, доби само една понуда од АД ЕСМ.

АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција

Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот Јули-Декември 2022 e за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (Јануари-Јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач.

tải sunwin

game sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin

sunwin web sunwin club tải sunwin apk

sunwin web sunwin web sunwin

sunwin